• среда, 25 декември 2024

Уредување пристапен пат за со возила и проширување на паркинг кај двете цркви во Брвеница

Уредување пристапен пат за со возила и проширување на паркинг кај двете цркви во Брвеница

Тетово, 7 декември 2023 (МИА) - Црковниот одбор од Брвеница информира дека се започнати две градежни активности кај двата православни храма во ова место. Околу црквата Св. Архангел Михаил каде што се наоѓаат и гробиштата во Брвеница се работи на пристапен пат.

- Околу црквата Св. Архангел Михаил каде што се наоѓаат и гробиштата во Брвеница почна градежен зафат со цел да се олесни пристапот со возила до вечните почивалишта. Се работи на влезен пат со ширина од пет метри на горниот дел како и патека со три метри помеѓу стариот и новиот дел. По почетно трасирање и тампонирање на овој дел ќе се пристапи кон асфалтирање, информира Зоран Митрески од црковниот одбор.

Градежни активности има и кај централната црква Свети Атанасиј.

-Кај храмот Свети Атанасиј почнаа градежни работи за да се дооформи паркинг просторот на влезот од задната порта, рече Митрески изразувајќи благодарност од име на Црковниот одбор до фирмата изведувач која е донатор на големиот дел од овој градежен зафат. ас/вг/

фото: МИА 

Остани поврзан