• сабота, 27 јули 2024

Уредено ново детско катче во градскиот парк Крива Паланка

Уредено ново детско катче во градскиот парк Крива Паланка

Крива Паланка, 19 јули 2024 (МИА) - Во градскиот парк Крива Паланка на површина од околу 180 метри квадратни уредено е ново детско игралиште, поставени се урбана опрема и реквизити за деца.

-Градскиот парк е разубавен и опремен, збогатен со нови содржини за најмладите. Дечињата од градот и најмладите посетители на општината можат да се дружат и забавуваат на новоуреденото детско игралиште со гумирана подлога по високи стандардни за безбедност, а на теренот се поставени мултифункционален детски реквизит со куќичка, лизгалки, клацкалки и лулашка, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Уредувањето е извршено во рамки на Развојната програма за 2024 на Општина Крива Паланка со која се издвоени 30.000.000 денари за уредување 10 детски катчиња надополнети со спортски терени на  локациите: населба Бавчал'к кај зградите, населба Домачки Дол, комплекс загради во Осичка маала, ул.„Кочо Рацин"- кај технички, Калин Камен, кај „Облаче", спортски комплекс, градски парк, Конопница и други. ид/хс/

Фото: Општина Крива Паланка

 

Остани поврзан