• недела, 24 ноември 2024

Уредени просториите во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово

Уредени просториите во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово

Берово, 15 ноември 2023 (МИА) - Во Берово заврши реализацијата на проектот за интерактивно и визуелно уредување на просториите во деветолетката „Дедо Иљо Малешевски“. Целта на проектот, како што информираа од училиштето, е збогатување на училишната средина и подобрување на визуелната атрактивност во училиштето.

-Со реализацијата на проектот, дел од прозорците во холови и неколку училници добија нов изглед. Поставени се декоративни фолии, со наставно-едукативни содржини, кои не се само естетско уредување на училиштето туку и практично средство за подобрување на наставниот процес, истакнаа од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски".

Очекуваат нагледните средства од ваков тип да влијаат на поголема креативност кај учениците и наставниците.

- На тој начин ќе имаат можност за полесно совладување на наставниот материјал преку интерактивен и визуелно стимулирачки пристап кон учењето, додадоа од беровската деветолетка.

Проектот се реализира со средства од училишниот буџет за 2023 година. вс/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан