• среда, 18 декември 2024

„Урбана поезија“ и „Стиховно мапирање на Скопје“, финале на Скопскиот поетски фестивал

„Урбана поезија“ и „Стиховно мапирање на Скопје“, финале на Скопскиот поетски фестивал
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) – Во кафе-книжарница „Буква“ вечерва од 18 часот ќе се одржи работилница за креативно пишување поезија за млади, насловена „Урбана поезија“ на која ќе говорат дел од поетите што учествуваат на читањата кои беа дел од 2. Скопски поетски фестивал. Од 21 часот, на истото место, преку „Стиховно мапирање на Скопје“ ќе се одржи видеопроекција на 12 поетски филмови изработени од Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Диме Данов и Валентина Бакти (Србија), врз основа на песни за Скопје од поетите Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади. Со овие настани ќе заврши второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ кое годинава започна на 29 август и се одржува во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. На поетските читања учествуваа поети од земјава и странство. Воедно, поетските вечери беа надополнети со музички перформанси и ликовна изложба. ар/хс/

Остани поврзан