• среда, 25 декември 2024

Ураганот „Оскар“ ги погоди југоисточните Бахами и се движи кон Куба

Ураганот „Оскар“ ги погоди југоисточните Бахами и се движи кон Куба

Вашингтон, 20 октомври 2024 (МИА) - Ураганот „Оскар“ денеска ги погоди југоисточните Бахами и се упати кон Куба, објави Центарот за урагани.

„Оскар“, кој Центарот го окарактеризира како многу мал ураган, се формираше вчера како тропска бура источно од островите Туркс и Каикос пред брзо да стане ураган.

Се очекува ураганот да стигне до заливот Гвантанамо или Холгин во источна Куба доцна попладнево или навечер, каде што се очекува да донесе уште пороен дожд, соопшти Центарот за урагани. 

„Оскар“ треба повторно да ги погоди Бахамите во вторник, само на друга локација.

Владите на Бахамите и Куба издадоа предупредување за ураган за југоисточните Бахами и кубанските провинции Холгин и Гвантанамо, до Пунта Маиси.

Кубанските власти издадоа предупредување и за северниот брег на провинцијата Лас Тунас.

Се очекува „Оскар“ да ослаби по падот на копното, но сепак би можел да има јачина на тропска бура додека се движи северно од Куба и назад кон централните Бахами утре вечер.

Максималната брзина на ветерот на ураганот е 80 милји на час, а центарот се наоѓа на околу десет милји југозападно од островот Велика Инагуа.

За време на оваа сезона на урагани, која започна на 1 јуни и завршува на 30 ноември, САД беа погодени од два моќни урагани во рок од две недели, „Хелена“ и „Милтон“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан