• среда, 18 декември 2024

Управниот суд го поништи решението за разрешување на поранешната претседателка на Судски совет, Весна Дамева

Управниот суд го поништи решението за разрешување на поранешната претседателка на Судски совет, Весна Дамева

Скопје, 29 декември 2023 (МИА) - Решението на Судскиот совет со кое поранешната претседателка на советот, Весна Дамева, беше разрешена од претседателската функција е поништено, потврдија од Управниот суд за МИА.

Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува оваа одлука со која таа се враќа на претседателското место во Судскиот совет.

- Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција ѝ се неопходни реформи, стои во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму дополнуваат дека одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на право.

Од Судскиот совет за МИА велат дека ќе се чека на пресудата, бидејќи и тие за ова дознале од медиумите. ар/ев/

Остани поврзан