• недела, 24 ноември 2024

Управата на гимназијата во Дебар ги повика завршените деветтооделенци да се запишат во вториот уписен рок

Управата на гимназијата во Дебар ги повика завршените деветтооделенци да се запишат во вториот уписен рок

Дебар, 16 август 2024 (МИА) - Управата на дебарската гимназија „28 Ноември“ попладнево преку објава на социјалните мрежи ги повика завршените деветтоодделенци да го искористат вториот уписен рок и да станат ученици во ова единствено средно училиште во општината.

- Вториот уписен рок за  учениците од прва година продолжува на 21 август. Пријавувањето е електронски. Доколку апликацијата е успешно завршена, документите треба да ги доставите во просториите на гимназијата. Ако наидете на некој проблем може да се обратите до соодветната комисија за упис од 9 до 15 часот, стои во објавата.

Во оваа образовна установа во двете пријавувања, во рамки на првиот уписен рок, според конкурсот на МОН, предвиден е упис на 272 ученика, но запишани се само 46 ученици. 

Гледано одделно 33 се за паралелките на албански и 13 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за августовскиот уписен рок, слободни се 226 ученички места и тоа за настава на албански 137 и 89 на македонски наставен јазик.

Втор уписен рок ќе има и во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде исто така слободни места има на претек.

Во оваа образовна институција во прва година запишани се 20 ученици, од нив 16 се за паралелката на турски, додека четворица ученици на македонски наставен јазик.

Право на упис имаат 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика. вт/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан