• среда, 25 декември 2024

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Управата за финансиска полиција во моментов врши проверки во Македонски навигации, потврдуваат од М-НАВ за МИА.

Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, како што информираа, ги прават врз основа на направениот извештај.

Во врска со упадот во М-НАВ се осомничени осум лица меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ.

На денешната седница Владата, како што е најавено, ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои и разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако минатата недела осумте лица упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан