• четврток, 26 декември 2024

Употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон во САД во следните 24 до 48 часа

Употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон во САД во следните 24 до 48 часа
Вашингтон, 1 март 2021 (МИА) - Американците треба да имаат можност да ја примат вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ во следните 24 до 48 часа, изјави денеска извршниот директор на компанијата Алекс Горски, откако американските регулатори ја одобрија вакцината. Фармацевтската компанија оваа недела треба да испорача четири милиони дози вакцина, а до јуни 100 милиони дози, рече Горски во интервју за Ен-Би-Си Њуз. - Во следните 24 до 28 часа, Американците треба да почнат да ја примаат вакцината, рече тој. Акциите на фармацевтската компанија пораснаа за 2,9 проценти во претпродажба откако во саботата американската Агенција за храна и лекови ја одобри својата еднократна вакцина против Ковид-19. Американскиот дистрибутер на лекови „МекКесон“ денеска соопшти дека започна со дистрибуција на вакцината „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19. „МекКесон“ е партнер за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 на американската Влада, а компанијата воспостави четири центри за дистрибуција кои ќе се користат специјално за дистрибуција на вакцините „Џонсон и Џонсон“. паг/  

Остани поврзан