• четврток, 26 декември 2024

УПОЗ: Подготвени сме да дадеме сопствен придонес во сузбивањето на корупцијата

УПОЗ: Подготвени сме да дадеме сопствен придонес во сузбивањето на корупцијата
Скопје, 28 јули 2021 (МИА) - Подготвени сме како синдикат да дадеме сопствен придонес во сузбивањето на корупцијата и стоиме на располагање на Владата заеднички да дадеме придонес во сузбивањето на оваа зло на државата, меѓутоа со вакви изјави во иднина не смее да се карактеризира администрацијата, истакна претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани - УПОЗ, Пецо Грујовски на денешната прес-конференција по повод вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека нема корупција во високите ешалони на власт, туку дека таа е детектирана во третиот ешалон - администрацијата. - Ова е страшно и целата вина за состојбите, корупцијата и неефикасноста во работењето се фрла само на една категорија работници. Не може да се генерализира. Ова е генерализацирање и вперување на прстот само кон една категорија. Можеби реакцијата на нашите членови ќе беше помека доколку беше посочено дека во сите ешалони на власт има корупција. Високата корупцијата е кај вискоките раководители. не можам да претпоставам дали изјавата е гаф на премиерот, меѓутоа подолг период се случува да се напаѓа администрацијата. Ние ќе бараме средба не само за ова, туку и за други прашања за кои сакаме да преговараме со Владата како репрезентативен синдикат, рече Грујовски. Тој нагласи дека администрацијата не смее да биде сираче на Владата, бидејќи таа работи во многу лоши услови и во наредниот период покрај она што ќе им биде главна обврска да преговараат со Владата околу стандардот, платите на администрацијата, тие ќе разговараат и за условите во кои работат административците. - Ова е еден добар момент да се види во јавноста во кои услови работи администрацијата. Во многу подрачни одделенија на министерствата, на фондовите, нема никакви услови за работа, пред се од хегиено-технички аспект и ако таму помине служба, односно инспектори, треба да ги затвораат тие објекти за работа, меѓутоа со години тие остануваат така како што се. Афоризам: Лесно му е на Колумбо да ја открие Америка, нека открие корупција во власта, кај министрите, директорите и градоначалниците, посочи тој. Според наши сознанија, потенцира Грујовски, над 95 проценти од работниците службеници имаат плата под републичкиот просек. - Две категории од Законот за административни службеници веќе се под минималната плата со своите примања, а при следната корекција на минималната плата, според наши сознанија, околу 40 до 50 отсто од административците ќе бидат до минималната плата или под минималната плата, а како што се случува некаде и таа не ја исплаќаат, рече тој. Љубиша Јовановски, претседател на синдикална организација на Агенцијата за кадастар на недвижности истакна дека тие како една од најреформираната државна институција во државата кои повеќе од 10 години работат електронски и немат контакт со странките, не се согласуваат дека постои корупција во најниските ешалони во државата. Тој рече дека искажувањето на такви зборови не се во ред. - Нашите предмети доаѓаат од локалните самоуправи, од извршителите, од нотаријатот, од министерствата. не може да стане збор за корупција во една институција кога немаме контакт со граѓанинот. И по закон, нас ни е забрането да комуницираме со граѓаните, односно со корисниците на нашите услуги. Револтот е голем кај вработените, а тие му порачуваат на премиерот дека бидејќи беше 12 години градоначалник, знае дека и институцијата од која дојде се државни службеници, односно под Законот за административни службеници. Шеесет отсто од вработените се среднисти кои ја работат својата работа, а земаат минимална плата, бидејќи највисоката плата на среднистите е 16.400 денари, рече тој. Верица Тасева од синдикалната организација во правосудството истакна вработените во судската и јавнообвинителската служба се изненадени од ваквата изјава и очекуваат од премиерот да излезе со конкретни докази во смисла на конкретна бројка или процент на вработени во овие служби против кои што постојат правосилни одлуки за некој што бил осуден за дело поврзано со корупција. фф/сп/

Остани поврзан