• среда, 25 декември 2024

УНХЦР: Украинките кои избегаа во Полска треба да добијат пристап до абортус

УНХЦР: Украинките кои избегаа во Полска треба да добијат пристап до абортус
Женева, 13 мај 2022 (МИА) - Жените кои побегнале од војната во Украина во Полска мора да имаат пристап до репродуктивните права кои ги исполнуваат меѓународните стандарди, вклучително и абортуси, изјави денеска висока претставничка на УНХЦР, по извештаите за силувања и сексуално насилство во Украина. - Постојат некои политики (поврзани со репродуктивните услуги во Полска) за кои веруваме дека не ги исполнуваат меѓународните стандарди, рече на денешниот брифинг Џилијан Тригс, помошник на Високиот комесар за бегалци при ОН. Полска има еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа, а активистите за човекови права изразија загриженост поради тешкотиите со кои би можеле да се соочат жртвите на силување кои избегале од Украина доколку одлучат да ја прекинат бременоста. - На жртвите на сексуално насилство им треба советување и помош. Во некои случаи, ќе им требаат абортуси. Ќе разговараме за ова со владата, истакна Тригс. Таа посочи дека УНХЦР ќе работи со оние на кои им треба абортус за да се осигура дека ја добиваат услугата во Полска или на друго место. Светската организација соопшти дека набљудувачите на ОН за човекови права се обидуваат да ги потврдат наводите дека руските сили извршиле сексуално насилство, вклучително и групно силување и силување пред деца, како и наводите дека украинските сили и припадници на цивилната заштита исто така извршиле сексуално насилство. ссм/

Остани поврзан