• сабота, 23 ноември 2024

УНХЦР: Седум милиони внатрешно раселени лица во ДР Конго поради судирите во земјата

УНХЦР: Седум милиони внатрешно раселени лица во ДР Конго поради судирите во земјата

Киншаса, 30 октомври 2023 (МИА) - Поради ескалацијата на насилството во Демократска Република Конго во земјата има рекордни 6,9 милиони внатрешно раселени лица, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР, пренесе Би-би-си.

Организацијата наведува дека најголем дел од раселените луѓе живеат на истокот, каде што конфликтите се најсилни. Само во провинцијата Северен Киву, речиси милион лица морале да ги напуштат своите домови поради борбата на владата со бунтовничките сили „М23“.

УНХЦР предупредува дека ДР Конго се соочува со една од најголемите миграциски и хуманитарни кризи во светот. сд/

 

Остани поврзан