УНХЦР: Околу милион луѓе се очекува да се вратат во Сирија во првиот дел од 2025
- Директорката на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) за Блискиот Исток, Рема Џамус Имејсис, денеска изјави дека организацијата очекува околу еден милион сириски бегалци да се вратат во земјата во првите шест месеци од 2025 година.
Женева, 17 декември 2024 (МИА) – Директорката на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) за Блискиот Исток, Рема Џамус Имејсис, денеска изјави дека организацијата очекува околу еден милион сириски бегалци да се вратат во земјата во првите шест месеци од 2025 година.
Таа, исто така, ги повика земјите да не почнуваат процеси на присилна депортација на бегалците назад во Сирија.
- Се надеваме дека некаде околу милион Сиријци ќе се вратат помеѓу јануари и јуни следната година, па затоа го споделивме овој план со донаторите, барајќи ја нивната поддршка, рече Џамус Имејсис. јт/