• сабота, 23 ноември 2024

УНХЦР и ОСНА апелираат до меѓународната заедница да издвои 4,1 милијарда долари за цивилите во Судан

УНХЦР и ОСНА апелираат до меѓународната заедница да издвои 4,1 милијарда долари за цивилите во Судан

Женева, 7 февруари 2024 (МИА) - Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) апелираат до меѓународната заедница да издвои 4,1 милијарди долари за цивилите во Судан.

Од април минатата година во Судан беснее граѓанска војна меѓу армијата и одметнатите Сили за брза поддршка, а над девет милиони Суданци се внатрешно раселени.

Според ОН, досега загинале најмалку 12.000 лица, но се верува дека бројката е многу поголем. 

Околу 19 милиони деца не одат на училиште во оваа земја.

Светската програма за храна на ОН вели дека околу 18 милиони луѓе низ Судан моментално се во состојба на акутен глад, а најмногу страдаат оние кои се заробени зад линијата на фронтот.

Во апелот, УНХЦР и Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) се наведува дека половина од суданското население, што брои околу 25 милиони лица, има потреба од поддршка и заштита.

Средствата ќе бидат распределени на внатрешните, но и на бегалците кои ја напуштиле земјата.

OCHA бара 2,7 милијарди долари за помош на околу 14,7 милиони Суданци,  додека УНХЦР бара уште 1,4 милијарди долари за помош на околу 2,7 милиони лица кои побегнале во пет соседни земји.

-Тие изгубија премногу. Слушаме порака од нив: сакаме мир за да можеме да си одиме дома и потребна ни е поддршка за да ги обновиме нашите животи. Ним очајно им треба помош и им треба сега, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Претставниците на Обединетите нации ја повикуваат меѓународната заедница да обрне внимание на последиците од конфликтите во Судан, Конго, Авганистан и Мјанмар и да не дозволи војните во Украина и Газа да го одвлечат вниманието од потребите на цивилите во другите делови на светот. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан