• вторник, 24 декември 2024

УНХЦР: Во Појасот Газа се шири анархија

УНХЦР: Во Појасот Газа се шири анархија

Женева, 19 јули 2024 (МИА) - Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации предупреди дека во Појасот Газа се шири „анархија“ со грабежи, убиства и престрелки, додека населението се соочува со акутна хуманитарна криза.

Според Аџит Сунгхаи, кој ја предводи канцеларијата на ОН за човекови права во Појасот Газа и Западниот Брег, убиствата и грабежите во отсуство на спроведување на законот се поврзани со „уништувањето на Израел на локалниот капацитет за одржување на јавниот ред и безбедност во Газа“.

„Нашата канцеларија ги документира наводните убиства на локалната полиција и хуманитарните работници, како и прекинот на снабдувањето неопходно за опстанок на цивилното население. Анархијата расте“, рече Сунгхаи, кој вчера се врати од посетата на Појасот Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан