• петок, 08 ноември 2024

УНРВА повеќе не работи во северниот дел на Газа

УНРВА повеќе не работи во северниот дел на Газа

Газа, 23 февруари 2024 (МИА) – Портпаролот на палестинската агенција за бегалци УНРВА рече дека организацијата повеќе не е во можност да обезбедува помош во северниот дел на Газа, каде што има само „неколку членови на персоналот“, и оти граѓанскиот поредок пропаднал поради израелскиот напад и строгите ограничувања за пристап до храна.

УНРВА вели дека се бори да обезбеди помош за милиони Палестинци во Газа и низ регионот, откако неколку клучни земји донатори го замрзнаа финансирањето на хуманитарната група по израелските наводи дека десетина нејзини вработени учествувале во нападите на 7 октомври.

- Верувам дека имаме неколку недели, пет или шест, помалку од тоа. После тоа, нема да можеме да продолжиме да даваме услуги, не само во Газа, туку и во места како Сирија, Јордан, Либан, Западниот Брег и Источен Ерусалим, изјави за Ал Џезира портпаролот на УНРВА, Аднан Абу Хасна. јт/

Остани поврзан