• четврток, 26 декември 2024

УНРВА: Газа претворена во гробница на луѓе заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

УНРВА: Газа претворена во гробница на луѓе заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

Газа, 17 декември 2023 (МИА) - Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска објави дека Газа станува гробница за населението кое е заробено меѓу војната, опсадата и сиромаштијата.

„Континуираното израелско бомбардирање на Појасот Газа и наметнатите ограничувања за пристап до хуманитарна помош ја попречуваат способноста на УНРВА да пружи помош“, се наведува во објавата на УНРВА на платформата Х.

Од избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, во Газа се убиени над 18.600 Палестинци, додека повеќе од 50.000 се повредени, наведува Министерството за здравство на Газа, кое е под целосна контрола на Хамас. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан