• среда, 25 декември 2024

Уништени околу 4.500 станбени згради, изјави украински министер

Уништени околу 4.500 станбени згради, изјави украински министер
Киев, 27 март 2022 (МИА) - Русија уништи околу 4.500 станбени згради, 100 компании, 400 образовни институции и 150 медицински установи во Украина, изјави украинскиот министер за комуникации и триторијален развој Олексиј Чернишов. - Вкупната штета низ целата земја ќе биде проценета по завршувањето на непријателствата и отстранувањето на мините, изјави тој, пренесува Би-Би-Си. Според прелиминарните проценки, загубите на Украина достигнаа десетици милијарди американски долари, а сумата секојдневно се зголемува. Во поглед на напорите за реконструкција, владата ги поедностави процедурите за увоз на градежен материјал. Сепак, додава министерот, на секоја реконструкција мора да и претходи расчистување на мини и шут. Украина се надева дека ќе вклучи домашни и странски специјалисти во напорите за обнова на земјата. ссм/

Остани поврзан