• среда, 25 декември 2024

Уништена лабораторија за кокаин и хероин во Приштина, уапсени две лица

Уништена лабораторија за кокаин и хероин во Приштина, уапсени две лица

Приштина, 22 септември 2024 (МИА) – Косовската полиција соопшти дека во акција, спроведена по десетмесечна истрага, синоќа во подрум на куќа во населбата Сончев брег Приштина открила и уништила лабораторија за обработка на кокаин и хероин, при што уапсила две лица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во акцијата на Единицата за антидрога и на Управата за борба против трговијата со наркотици на Полицијата на Косово, откриени се и одредена количина дрога хероин и кокаин и работен алат за преработка на наркотични материи, како и околу седум килограми дрога во цврста состојба.

-Постојат сомнежи дека оваа лабораторија за преработка на наркотичните супстанции хероин и кокаин осомничените ја користеле подолг временски период, при што по преработка на истите материи ги пакувале во мали дози за продажба во различни региони на земјата. Косовската полиција со своите единици за борба против дрогата останува посветена на спречувањето и сузбивањето на употреба, одгледување или продажба на наркотични супстанции, а строги законски мерки ќе бидат преземени против сите инволвирани во такви кривични дела кои на еден или на друг начин ги загрозуваат здравјето и безбедноста на нашите граѓани, се вели во соопштението на полицијата. иа/

Остани поврзан