• сабота, 28 декември 2024

УНИЦЕФ: Рафа е град на децата и последната надеж за Газа

УНИЦЕФ: Рафа е град на децата  и последната надеж за Газа

Кан Јунис, 22 март 2024 (МИА) - Портпаролот на Фондот за деца и млади на Обединетите нации (УНИЦЕФ) Џејмс Елдер денеска изјави дека Рафа е градот на децата и последната надеж на Газа.

Во видеото на социјалната мрежа „Икс“, за време на посетата на градот Кан Јунис, тој ги опиша урнатините во тој град како „целосно уништување“ и изрази загриженост дека нешто слично може да се случи како резултат на воената операција во Рафа, пренесува „Гардијан“.

„Рафа е град на деца, таму има 600.000 момчиња и девојчиња. Воена офанзива во Рафа? Мислам, да, офанзива е вистинскиот збор. Рафа е дом на последните преостанати болници, засолништа, пазари и водоводни системи во Газа. Рафа е последната надеж на Газа. Па сепак, во сенка на тоа, од толку брутални сцени низ Газа, некои гласови размислуваат да го направат сето тоа повторно во Рафа“, рече Елдер.

Тој зборуваше за одобрување на оперативните планови на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за офанзивата Рафа, во кои се наведува дека таму се наоѓаат четири баталјони на Хамас. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан