• сабота, 16 ноември 2024

УНИЦЕФ: Во Газа секој ден се убиени или повредени повеќе од 420 деца

УНИЦЕФ: Во Газа секој ден се убиени или повредени повеќе од 420 деца

Њујорк, 30 октомври 2023 (МИА) - Извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел изјави денеска дека во Појасот Газа секојдневно се убиени или повредени повеќе од 420 деца.

-Вистинската цена на оваа последна ескалација ќе се мери со животите на децата, рече Расел на вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со хуманитарната ситуација во Газа.

Таа додаде дека најмалку 37 деца наводно биле убиени на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим.

-Ситуацијата се влошува од час во час. Без прекин на непријателствата, се плашам за судбината на децата во регионот, изјави Расел.

Таа го повика Советот за безбедност веднаш да усвои резолуција со која се повикува на прекин на огнот, барајќи од страните да овозможат безбеден и непречен пристап до хуманитарна помош и барајќи итно и безбедно ослободување на сите киднапирани деца. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан