• четврток, 26 декември 2024

Унион Сен-Жил го освои белгискиот Куп по пауза од 110 години

Унион Сен-Жил го освои белгискиот Куп по пауза од 110 години

Брисел, 9 мај 2024 (МИА) – Фудбалерите на Унион Сен-Жил го освоија Купот на Белгија, совладувајќи го Антверпен во денешното финале во Брисел со 1-0.

Победа ја донесе јапонскиот интернационалец Коки Мачида, кој беше прецизен во судиското продолжение на првото полувреме.

Ова е трет куп пехар во историјата на Унион, а прв од далечната 1914 година.

Клубот од Брисел се врати во белгиската Прва лига во 2021 година по 48-годишно отсуство од највисокиот ранг.

Унион од 2018 година е во сопственост на британскиот бизнисмен Тони Блум, кој е сопственик и на англискиот премиерлигаш Брајтон. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан