• среда, 25 декември 2024

Универзитет во Тетово: Истражувачката дејност се реализира во согласност со научните критериуми 

Универзитет во Тетово: Истражувачката дејност се реализира во согласност со научните критериуми 

Тетово, 19 март 2021 (МИА) – По објавите од медиуми за истражувачки проект кој открил најмалку седум професори со научни дела што се плагијат, Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) во соопштение до јавноста информираше дека наствано-научниот процес се одвива со целосно почитување на научните критериуми.

-Универзитетот во Тетово внимателно го следи објавувањето на „информациите“, кои фрлаат сомнеж во научните истражувања на некои професори на Факултетот за медицински науки. Иако нашата институција нема должност да ги коментира „откритијата“ на „списанијата“ со анонимни автори, ние ја информираме јавноста дека образовната и научно-истражувачката дејност на академските единици на Универзитетот во Тетово се спроведува во согласност и целосно почитување на научните критериуми. Академските и наставнообразовните унапредувања, како и објавувањето научни трудови, се предмет на механизми за филтрирање, со кои се потврдува или дисквалификува одреден придонес за истражување, пишува во соопштението на ДУТ. 

Во врска со разрешувањето на поранешниот декан на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Кастриот Хаџиреџа, Универзитетот наведува дека  одлуката е  донесена поради лошо управување, неефикасност на работата, ненавремено реагирање на неправилности и нарушувања на работната етика, непреземање законски и статутарни одговорности и немање координација со Наставно-научниот совет на факултетот.

- Затоа, надвор од злонамерните обиди за оцрнување на оваа институција од страна на анонимни издавачи, списанија без адреса, луѓе со сомнителни агенди, ние сме посветени на чекорењето напред на патот на институционалниот развој и образовно-научното унапредување, наведува ДУТ. ас/хс/ 

Остани поврзан