• среда, 27 ноември 2024

Универзитетот ФОН организира дебата за ракот на дојка

Универзитетот ФОН организира дебата за ракот на дојка

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Американскиот универзитет на Европа – ФОН вечер од 18.30 часот ќе организира јавна дебата насловена „Дами, проверете се!“, со што ќе се вклучи во одбележувањето на октомври -  месецот посветен на борбата против ракот на дојка.

-Овој настан е моќна и инспиративна можност да се обединиме како заедница и да бидеме активни учесници против најголемото зло на денешницава. Сите заедно, само преку активна едукација, можеме да ја зголемиме свеста за  превенција, навремена дијагноза, третман и лекување на ракот на дојка, соопшти Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

На дебатата е најавено учество и на министерот за здравство Фатмир Меџити. хс/мд/

Фото: Американски универзитет на Европа – ФОН

 

Остани поврзан