• четврток, 26 декември 2024

Универзитетот во Тетово организираше тркалезна маса по повод Светскиот ден на филозофијата

Универзитетот во Тетово организираше тркалезна маса по повод Светскиот ден на филозофијата
Тетово, 18 ноември 2022 (МИА) - Универзитетот во Тетово денеска организираше тркалезна маса по повод Светскиот ден на филозофијата, организиеан во рамки на Конгресот на општествените науки кој започна на 16 ноември. - Денес го одбележуваме Светскиот ден на филозофијата, ден кој УНЕСКО го одбележува од 2002 година. Станува збор за активност која ја организираме заедно со други универзитети од Албанија и имаме претставници од овие универзитети, од Универзитетот во Тирана и од Универзитетот во Корча. Дебатираме за предизвиците што филозофијата ги има пред нас, но и за филозофските случувања кај нас, рече претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, проф. др. Куштрим Ахмети. Професорот од Универзитетот во Тирана, проф. др. Ѓерѓи Синани рече дека овој ден е важен и да се одбележува поради промените во светот. - Поради фактот што технологијата, модерните трендови,духот на профитот предизвикаа луѓето, како што рече Хајдегер, да се оддалечат од мислата. УНЕСКО му дал големо значење на прашањето на филозофијата, туку поради тоа што ги повикува луѓето да размислуваат со своја глава, а не преку главите на другите, рече професорот Синани. Проф. др. Ѓерѓи Пандавињи од Универзитетот „Фан. С. Ноли“ од Корча истакна дека се чувствува презадоволно што е на Универзитетот во Тетово и се чувствува среќен поради организацијата на овој важен настан за универзитетскиот свет. - Импресиониран сум од одличната работа што Филозофскиот факултет ја прави во однос на формирањето стручни лица од областа на филозофијата, но и од интензивната истражувачка, студиска активност и преокупација да се формираат новите генерации со европскиот менталитет, подвлече Пандавињи. Од Универзитетот во Тетово посочија дека Светскиот ден на филозофијата се одбележува од ноември 2002 година и со цел да ги поттикне луѓето да научат за филозофијата и како да ги изразат своите филозофски мисли.ас/фф/

Остани поврзан