• сабота, 23 ноември 2024

УНЕСКО: Расте бројот на убиени новинари

УНЕСКО: Расте бројот на убиени новинари

Париз, 16 јануари 2023 (МИА) – По неколку години последователен пад, бројот на убиени новинари ширум светот минатата година се искачи на 86, наспроти 55 во 2021 година, што претставува зголемување од 36 отсто, соопшти денеска организацијата на ОН за културно наследство УНЕСКО.

Повеќе од половина од убиствата се случиле во Јужна Америка и на Карибите, додека најголем дел новинари биле убиени во Мексико, а потоа во Украина и Хаити.

„Властите мора да ги удвојат своите напори за да ги запрат овие злосторства и да се погрижат напаѓачите да бидат казнети, бидејќи рамнодушноста е голем фактор во оваа клима на насилство“, рече генералниот секретар на УНЕСКО, Одри Азулај.

Бројот на убиени медиумски работници опадна во периодот од 2018 до 2021 година, а сега повторно е во пораст. Половина од новинарите не се убиени на должност, туку додека патувале или во биле во своите домови, соопшти УНЕСКО. паг/

Остани поврзан