• четврток, 26 декември 2024

Унгарците ја откажаа средбата меѓу Сијарто и Бербок, Германија изненадена

Унгарците ја откажаа средбата меѓу Сијарто и Бербок, Германија изненадена

Будимпешта, 6 јули 2024 (МИА) – Унгарија ја откажа средбата на министерот за надворешни работи Петар Сијарто со шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, закажана за понеделник во Будимпешта поради технички, а не политички причини, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.

„Поради непредвидена промена во календарот на министерот, Министерството за надворешни работи побара посетата да се одржи подоцна, се надеваме во блиска иднина“, соопштија од Министерството.

„Причината е чисто техничка, а не политичка“, тврдат иттаму.

Германското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека е изненадено од откажувањето на најавената средба и дека е потребна „сериозна и искрена“ дискусија по вчерашната средба на унгарскиот премиер Виктор Орбан со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Средбата во Москва беше прва средба на лидер на ЕУ со Путин во Москва од април 2022 година, два месеци откако Москва ја започна сеопфатната инвазија врз Украина.

Состанокот ги налути повеќето лидери на Европската унија, кои предупредија на попуштање кон Москва, и беа децидни дека Орбан не зборува во името ЕУ.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан