• среда, 18 декември 2024

Унгарскиот олимписки првак Чолану почина од коронавирусот

Унгарскиот олимписки првак Чолану почина од коронавирусот
Будимпешта, 24 јануари 2022 (МИА) – Освојувачот на златниот медал во дисциплината кругови на Олимписките игри 2000 во Сиднеј, унгарскиот гимнастичар Себастијан Чолану (52) почина денеска, откако пред еден месец беше хоспитализиран поради компликации предизвикани од коронавирусот. Освен златото од Сиднеј, еден од најуспешните унгарски гимнастичари во својата кариера освои и олимписко сребро четири години претходно во Атланта, а беше и светски првак во 2002 година на првенството во Дебрецин. Чолану се пензионираше во 2004 година и оттогаш беше во детска гимнастика. ег/сд/

Остани поврзан