• среда, 18 декември 2024

Унгарската компанија 4iG поднела документи до АЕК за влез на македонскиот пазар

Унгарската компанија 4iG поднела документи до АЕК за влез на македонскиот пазар

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека унгарската компанија 4iG и официјално изразила интерес за влез на македонскиот пазар што, вели, ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператори во земјава и намалување на цените за мобилни услуги.

-Унгарската компанија денеска официјално поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации и изразија интерес за трет мобилен оператор. Сега веќе АЕК треба да ја води постапката и се надевам дека ќе оди во правилна насока и дека конечно овој дуопол кој што го имаме на пазарот на два оператори, кои што буквално ги цицаат македонските граѓани ќе биде разбиен и ќе може да имаме трет оператор кој што ќе понуди услуги за помалку пари, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Николоски вечерва во емисијата „Само Интервју”.

Тој потенцираше дека секоја друга компанија може да конкурира, а целта е да се обезбедат поевтини услуги за граѓаните.

Николоски образложи дека ваквата одлука следи откако мобилните оператори во земјава не направиле ништо во изминатите четири месеци да ги подобрат условите.

-Ниту ги намалија цените, ниту ги подобрија услугите, ниту го почитуваат законот, истакна Николоски. вг/ев/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан