• сабота, 23 ноември 2024

Унгарија заговара регионална фудбалска лига со клубови од Централна и Источна Европа

Унгарија заговара регионална фудбалска лига со клубови од Централна и Источна Европа

 

Будимпешта, 31 јануари 2024 (МИА) – Претседателот на најтрофејниот унгарски клуб Ференцварош, Габор Курбатов, го актуализираше денеска во интервју за Инфостарт потенцијалното формирање фудбалски лига на Централна и Источна Европа.

„Со години размислуваме за тоа. Ние сме мал пазар, десет милиони луѓе. Водечките светски екипи имаат буџети од една милијарда евра. Ние како Ференцварош имаме 50 милиони евра и тоа нè ограничува, бидејќи спонзорите можеме да ги донесеме само за десет милини луѓе, а телевизиската гледаност е само за оваа земја“, изјави Курбатов.

Тој рече дека сите клубови од Централна и Источна Европа споделуваат исти проблеми.

„Потребен ни е поголем пазар. Размислете, ако тука играме со Црвена ѕвезда, загрепски Динамо, Лудогорец, Стеауа, Слован Братислава, тие натпревари би имале поинаква атмосфера, би биле поспектакуларни“, рече првиот човек на Ференцварош. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан