• недела, 07 декември 2025

Унгарија бара отстранување на осум лица од списокот санкции на ЕУ против Русија

Унгарија бара отстранување на осум лица од списокот санкции на ЕУ против Русија

Будимпешта, 25 февруари 2025 (МИА) - Унгарија бара осум лица да бидат отстранети од списокот на Европската Унија за санкции против Русија и истовремено бара дополнителни гаранции во преговорите за транзит на гас преку Украина, пред да даде согласност за продолжување на санкциите, соопштија дипломатски извори во Брисел, пренесува БТА.

ЕУ санкциите против Русија, воведени поради војната во Украина, се обновуваат на секои шест месеци со едногласна одлука на земјите-членки, а Будимпешта често го користи ова како основа за нови преговори.

„Нема да брзаме со продолжување на санкциите против одредени лица“, напиша унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на „Фејсбук“.

Санкциите се состојат од економски мерки и список со повеќе од 2.400 физички и правни лица чии средства се замрзнати, а ним им е забрането патување во ЕУ. Засега не се откриваат имињата на оние што Унгарија сака да ги отстрани од листата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан