• среда, 25 декември 2024

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со нови активности - подкаст и најава за теренска акција „Иднина за сите во Македонија“

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со нови активности - подкаст и најава за теренска акција „Иднина за сите во Македонија“

Скопје, 12 јули 2023 

-Младите луѓе, вклучувајќи ме мене и тебе Драгана ние не гледаме вести, не седиме пред малите екрани, не чекаме да дојде 16 часот, 18 часот или 23 часот за да пуштиме вести туку најголемиот дел од нашето време и местата од каде се информираме претставуваат социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб, Тик – Ток и сите останати. Па така ние како политички подмладок доколку сакаме млади луѓе да не слушаат треба да го менуваме и нашиот начин со кој комуницираме со младите луѓе. Прв таков пример беше создавањето на весникот „Мегафон“ со кој се трудиме цело време да го надградуваме со подобрување на неговата веб страна и слично, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов во денешниот подкаст на УМС наречен „УМСTalks“.

Тој додаде дека УМС цело време се труди да биде во чекор со новите трендови кои го движат македонското општество и светските трендови, па така дојдовме до идејата да го снимаме овој подкаст.

-УМС секогаш има што да најави па така и сега еве да најавам за прв пат во „УМСTalks“ подкастот дека како Унија на млади сили започнуваме со караван. Караванот ќе се вика „Иднина за сите во Македонија“. Со оваа активност практично ќе одржиме средби речиси со сите таргет групи на млади луѓе, најави Попов.

Тој посочи дека тие средби ќе финишираат со еден саем на нашата понуда кон младите, односно „Саем за млади“ на кој ние ќе ја презентираме целокупната наша понуда што ќе ја имаме кон младите луѓе бидејќи за да младите луѓе ни дадат поддршка мора да знаат што ние конкретно за нив планираме.

-Како УМС имаме формирано тимови кои работат на изработка на проектите за млади, од млади за млади бидејќи ниту една политичка партија ниту едни експерти не можат од блиску да го живеат луѓето што го живеат младите луѓе бидејќи 26-27 години може само еднаш во животот да имаш и само тогаш знаеш што му треба на тој 26 годишен млад човек. Така да ние го започнавме овој процес, почнуваме од утре во Скопје и ќе поминеме повеќе градови во државата, изјави Попов

Во текот на подкастот на УМС говореше и Драгана Бојковска член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Таа посочи дека Општествено одговорно е да ги пренесуваме информациите на младите на начин на кој им е најдостапен на нив.

Бојковска посочи дека и најновите анкети покажуваат дека народот во државата кажува дека најголем проблем е длабоката корупција во која е влезена државата. Најновата анкета на НДИ покажува дека најголем процент од луѓето кажуваат дека државата се наоѓа во лоша ситуација поради корупцијата, потоа следи инфлацијата и животниот стандард и слично.

-Се надевам дека со овие проекти кои ќе ги понудиме до младите ќе ги дадеме како решение и ќе помогне да остана младите во Македонија затоа што тоа е најголемиот проблем со кој се соочуваме. Во секојдневието го гледаме тоа како си заминуваат. Младинската невработеност која за жал во Македонија е далеку над просекот во Европа кој моментално постои во Македонија е 30% тоа е погубувачки за младиот човек кој заминува и се останува без егзистенција во Македонија, децидна е Бојковска.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан