• среда, 18 декември 2024

Уметничкото студио „Јео Чу“ од Малезија годинешен добитник на Гран-при на „Мал битолски Монмартр“

Уметничкото студио „Јео Чу“ од Малезија годинешен добитник на Гран-при на „Мал битолски Монмартр“

Битола, 20 март 2024 (МИА) - Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, организаор и домаќин на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ соопшти дека годинешни добитници на наградата Гран-при за најдобро училиште и најдобра колекција за светската детска ликовна изложба се учениците од уметничкото студио „Јео Чу“ („Yeow Chye Art Studio" ) со кои раководи Ченг Јео Чу од Пенанг, Малезија.

Организаторот одлучи наградата „Професор Коста Хаџи-Антоновски“ која се доделува за глобална промоција на организираната форма на оценување и грижа за уметничкиот талент кај младите ликовни уметници и талентирани студенти да ја додели на Алдона Качмарчик Колучка од Рубник, Полска, потоа награда „Бисер на уметноста“ за особен напредок на студент – поединец во неговиот развој и уметнички опус се доделува на Јали Алперт од Лапид, Израел, додека награда „Професор доктор Богомил Карлаварис“ за животно дело и најдобар професионален пристап кон едукација и негување на уметнички талент кај младите уметници и талентирани студенти годинава се доделува на Вејсел Аџар од Трабзон, Турција.

Од ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ информираат дека годинава со свои ликовни творби учествувале над 8ОО приватни и државни школи од 8О земји кои формираа фонд од над 5О.ООО детски ликовни цртежи од скоро 45.ООО млади ликовни уметници од цел свет, а на колонијата во Битола че гостуваат 24 делегации од 22 држави во светот со над 150 ученици и ликовни педагози. мт/дма/

Фото: Мал битолски Монмартр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан