• недела, 28 јули 2024

Уметничка галерија Тетово со повик до уметниците да конкурираат за изработка на скулптура

Уметничка галерија Тетово со повик до уметниците да конкурираат за изработка на скулптура
Тетово, 9 ноември 2022 (МИА) - Уметнички Галерија Тетово отвори конкурс и ги повикува сите заинтересирани уметници да се пријават за изработка на скулптура со висина од 200 сантиметри. Галеријата со овој конкурс се обврзува за избраниот уметник да обезбеди работна просторија каде ќе ја изработи скулптурата, материјали за реализација, превоз, сместување и исхрана. - Уметничка Галерија Тетово отвори конкурс за реализација на една скулптура ЦИРКУС СЛОН со употреба на метал, метални парчиња, железни профили, плочки и друго. Скулптурата треба да биде висока 200 сантиметри. Право на конкурирање имаат сите уметници самостојно или група составена од повеќе уметници. Учесниците на конкурсот се обврзуваат да достават идејна макета на делото или видео идеа во 3D форма, информираат од Уметничка Галерија Тетово. За избраниот уметник ќе се додели награда со износ од 60.000 денари. Установата има тричлена комисија која ќе избере најдобро дело. Конкурсот е отворен до 18 ноември. ас/сх/

Остани поврзан