• вторник, 24 декември 2024

Умерен земјотрес регистриран на јапонскиот остров Хоншу

Умерен земјотрес регистриран на јапонскиот остров Хоншу

Токио, 18 август 2024 (МИА) – Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран долж брегот на јапонскиот остров Хоншу.

Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри северно од градот Мито на длабочина од 35 километри.

По земјотресот не е објавено предупредување за појава на цунами.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан