• недела, 24 ноември 2024

Умерен земјотрес регистриран на Исланд

Умерен земјотрес регистриран на Исланд
Рејкјавик, 1 август 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Исланд. Епицентарот бил на 230 километри југозападно од Рејкјавик на длабочина од 10 километри. Во погодената област живеат околу 118.000 луѓе, но нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. По земјотресот не е објавено предупредување за појава на цунами. ми/  

Остани поврзан