• среда, 25 декември 2024

Умерен земјотрес регистриран во Индонезија

Умерен земјотрес регистриран во Индонезија
Џакарта, 2 август 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Индонезија, соопшти Американскиот институт за геофизика. Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од 12 километри и околу 180 километри од градот Туала, во провинцијата Папуазија. Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штетта. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. Индонезија се наоѓа во така наречениот Огнен појас во Тихи Океан, каде се чести земјотресите и има голем број активни вулкани. ми/

Остани поврзан