• сабота, 27 јули 2024

Умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец

Умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец
Скопје, 16 април 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје  умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 15 степени. Под влијание на влажна воздушна маса од утре кон крајот на денот и во наредните денови следува период на пооблачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Најоблачно и најврнежливо ќе биде во сабота и во понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Остани поврзан