• сабота, 23 ноември 2024

Уматничка поставка со 1.000 голи луѓе во Финска

Уматничка поставка со 1.000 голи луѓе во Финска

Куопио, 17 јули 2023 (МИА) - Речиси илјада луѓе се собраа во саботата на улиците и плажите на Куопио, Финска, за да му позираат голи на американскиот фотограф Спенсер Туник.

- Денес земјата на 1.000 езера стана земја на 1.000 голи луѓе. Учесниците-нудисти прво позираа на улица, со цветни поставки, а потоа на плажа и во вода. Сакав да го доведам телото во хармонија со Куопио и езерата во северна Финска, објасни Туник.

Уметникот, инаку познат по своите слики и видеа со голи маси луѓе, ја изрази својата длабока благодарност до доброволците кои беа подготвени да се соблечат на тие јавни места.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Spencer Tunick (@spencertunick)

- Тоа е нешто многу ретко - да му се даде можност на обичниот набљудувач да учествува во креативниот процес, додаде Спенсер.

Во ноември, околу 2.500 голи луѓе се собраа на плажа во Сиднеј, Австралија, како дел од замислата на истиот уметник, којашто има за цел да се подигне свеста за канцерот на кожата. Настанот наречен „Соблечи се за ракот на кожата“ (Strip Off for Skin Cancer), беше организиран во соработка со здружение кое ги охрабрува Австралијците да прават редовни дерматолошки прегледи. 

Спенсер Туник е познат по сличните уметнички поставки со 100-ци и 1000-ци луѓе, изведени на бројни познати места ширум светот. Тој „соблече“ и повеќе од 5.000 луѓе пред Операта во Сиднеј во 2010 година, а и 18.000 луѓе - неговиот рекорд, на „Зокало“ - главниот плоштад на Мексико Сити во 2007 година.  си/сд/

Фото: Твитер-објава на Спенсер Туник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан