• среда, 20 ноември 2024

Улуташ: НАТО го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Улуташ: НАТО го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Приштина, 24 април 2024 (МИА) – Командантот на КФОР генерал-мајор Озкан Улуташ денеска изјави дека неговата посета на Брисел, каде што се сретна со високи цивилни и воени претставници на НАТО, вклучително и генералниот секретар Јенс Столтенберг, била многу продуктивна и дека ги информирал соговорниците за безбедносната ситуација во Косово и во регионот, како и со приоритетите на КФОР во иднина.

Тој посочи дека НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги повика страните да се воздржат од, како што наведе, дестабилизирачка реторика и акции.

Сојузниците и партнерите на НАТО целосно ги поддржуваат нашите секојдневни напори да обезбедиме мирна и безбедна средина за сите заедници кои живеат во Косово и слобода на движење во секое време и на непристрасен начин. Според нашиот мандат, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, КФОР останува основен столб на безбедноста на цело Косово и регионалната стабилност, нагласи Улуташ. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан