• недела, 24 ноември 2024

Ултрасите на ПСЖ ќе протестираат против управата на клубот

Ултрасите на ПСЖ ќе протестираат против управата на клубот

Париз, 3 мај 2023 (МИА) – Најверните навивачи на Пари Сен-Жермен се незадоволни од раководството на клубот и ќе организираат протест пред седиштето на тимот, јавува „RMC Sport“.

 

Според изворот, по поразот од Лориен (1:3) во Лига 1, навивачите отишле во тренинг базата на тимот за да изразат негодување кон управата, тренерите и играчите.

 

Ултрасите денеска, 3 мај, организираат протест пред седиштето на управата на клубот. На профилот на социјалните мрежи на навивачите на тимот беше објавена порака:

„Време е за промена - ПСЖ мора повторно да ја открие својата душа, парискиот дух и сјај. Настанот ќе биде мирен, се треба да биде организирано и разумно“.

 

ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1 со 75 бодови. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан