Уличен дефект, без вода улицата Салих Асим
- Поради уличен дефект, прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улицата Салих Асим.
Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Поради уличен дефект, прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улицата Салих Асим, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснија од претпријатието, засегнатите ќе останат без вода за пиење до завршување со санација на дефектот. бд/са/
Фото: МИА архива