• петок, 27 декември 2024

Укренегро: Руските сили ја погодија електричната мрежа во централните украински региони

Укренегро: Руските сили ја погодија електричната мрежа во централните украински региони
Киев, 27 октомври 2022 (МИА) - Во текот на ноќта руските сили ја погодија мрежата за пренос на електрична енергија во централните региони на Украина и можно е да дојде до дополнителни ограничувања во снабдувањето со електрична енергија, соопшти денеска операторот на украинскиот систем за снабдување со електрична енергија „Укренерго“. „Опремата на главната мрежа на украинскиот енергетски систем во централните региони е оштетена“, се вели во соопштението на Телеграм. Во последниве недели, Русија ги засили нападите врз клучната украинска инфраструктура, вклучително и електричната мрежа, оставајќи милиони луѓе без струја и греење. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан