• среда, 13 ноември 2024

Украинците веројатно поседуваат и до пет милиони парчиња нерегистрирано оружје, соопшти МВР на Украина

Украинците веројатно поседуваат и до пет милиони парчиња нерегистрирано оружје, соопшти МВР на Украина

Киев, 30 август 2024 (МИА) - Украинците веројатно поседуваат меѓу два и пет милиони парчиња нерегистрирано оружје. Невозможно е да се пресмета точниот број, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Бохдан Драпијати. 

Според него, усвојувањето од страна на Парламентот на предлог-законот со кој ќе им се овозможи на граѓаните да регистрираат оружје и муниција ќе даде можност да се справи со проблемот со нерегистрираното оружје.

„Тогаш ќе имаме попрецизни информации за бројот на оружјето што го поседуваат нашите граѓани“, додаде тој.

На 20 август Парламентот усвои закон за подобрување на постапката за поседување, регистрација и трговија со оружје.

Станува збор за огнено оружје дадено на цивилното население за време на воена состојба. Тој предвидува дека оружјето во сопственост на државата може да се користи од цивили за време на воена состојба и мора да и се врати на Националната полиција во рок од 90 дена од неговото раскинување или укинување. Законот стапува на сила на 25 ноември 2024 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан