• четврток, 26 декември 2024

Украинското обвинителство истражува 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча

Украинското обвинителство истражува 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча
Киев, 28 април 2022 (МИА) – Украинските обвинители денеска соопштија дека истражуваат 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча. Десет војници на 64-та моторизирана пешадиска бригада на руските вооружени сили, дел од 35-та армија, се осомничени за сурово постапување со цивили и други прекршувања на законите и обичаите на војната, се наведува во соопштението на украинското Државно обвинителство. По повлекувањето на руските сили од Буча беа пронајдени безживотни тела на најмалку 400 луѓе. Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската на 64-та бригада за посебни заслуги, херојски акции и храброст. Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча. ми/

Остани поврзан