• сабота, 23 ноември 2024

Украинското знаме подигнато пред Министерството за одбрана

Украинското знаме подигнато пред Министерството за одбрана

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Пред Министерството за одбрана утрово било подигнато украинското знаме во знак на поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а во пресрет на навршувањето на две години од почетокот на руската инвазија која започна на 24 февруари 2022 година.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на чинот на подигањето на знамето присуствувале министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир.

-Северна Македонија продолжува целосно да ја поддржува Украина во борбата за својот територијален суверенитет и интегритет. Досега Владата на Република Северна Македонија донесе дванаесет одлуки за воена и хуманитарна помош и беше спроведената обука на украинските војници на Криволак, се наведува во соопштението.

Оваа поддршка, како што велат од Министерството за одбрана, ќе продолжи и понатаму, а тоае потврдено и од страна на министерката Петровска на состанокот на Советот НАТО – Украина што се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел за време на минатонеделниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО.

Украинското знаме пред Министерството за одбрана ќе се вее заедно со знамето на Северна Македонија до понеделник, 26 февруари. дма/бак/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан