• среда, 25 декември 2024

Украинското гранатирање уби четири лица од едно семејство во руската област Белгород, објави гувернерот на регионот

Украинското гранатирање уби четири лица од едно семејство во руската област Белгород, објави гувернерот на регионот

Москва, 19 март 2024 (МИА) - Четири лица загинаа во украинското артилериско гранатирање на селото Николскоје во руската област Белгород, кое граничи со Украина, изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.

Четворицата - брачен пар, баба и 17-годишно момче загинаа во директен удар во нивната куќа. Според Гладков, едно девојче преживеало и е на интензивна нега.

На „Телеграм“ Гладков објави и дека единиците за противвоздушна одбрана во областа доцна синоќа собориле осум воздушни објекти.

-Никој не е повреден, но паѓањето на остатоци оштети покриви на индустриски објекти и куќи, прецизира тој.

Белгород е предмет на чести напади од 2022 година, но во последниве месеци тие станаа поинтензивни, со напад на крајот на декември минатата година во кој загинаа 25 луѓе.

Илјадници украински цивили се убиени во руските напади. Двете страни тврдат дека не се насочени кон цивили. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан