• недела, 24 ноември 2024

Украински пилот: Беа потребни шест мали морски дронови за да потонеме руски брод

Украински пилот: Беа потребни шест мали морски дронови за да потонеме руски брод

Киев, 6 февруари 2024 (МИА) - Беа потребни шест морски беспилотни летала, напојувани со млазни скутери, за да потонеме руски ракетен брод минатата недела, изјави член на тајната украинска единица за Си-Ен-Ен.

Украинската одбранбена разузнавачка служба тогаш соопшти дека малиот руски воен брод „Ивановец“ претрпел повеќекратни удари кај полуостровот Крим.

Еден од пилотите на дронот зад нападот изјави за Си-Ен-Ен дека во нападот биле користени десет беспилотни летала „МАГУРА“, од кои шест погодиле и на крајот потонале руски воен брод, што е најновата загуба за руската црноморска флота.

-Беспилотните летала „МАГУРА“ се долги само неколку метри и се напојуваат со скутери, изјави пилотот, но тие имаат голем домет од околу 800 километри, што на неговата единица и дава слобода за време на нападот.

Пилотот е припадник на специјалната единица на Украинската одбранбена разузнавачка агенција (ГУР), која е поврзана со бројни напади на Крим и самата Русија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан