• четврток, 26 декември 2024

Украински дронови нападнаа руска фабрика за гориво

Украински дронови нападнаа руска фабрика за гориво

Москва, 12 март 2024 (МИА) - Украина изврши напади со беспилотни летала врз фабрика за гориво и енергија во руската провинција Ориол, изјави денеска гувернерот на централната руска покраина.

Тој додаде дека остатоците од дронот паднале на комплексот. „Немаше жртви“, напиша гувернерот Кличков на Телеграм.

Според службата за итни случаи, еден танкер бил запален како последица на нападот. паг/

Фото: Скриншот


 
 

Остани поврзан