• петок, 27 декември 2024

Украински гувернер: Повеќето од ексхумираните тела во Изјум имаат знаци на насилна смрт

Украински гувернер: Повеќето од ексхумираните тела во Изјум имаат знаци на насилна смрт
Киев, 17 септември 2022 (МИА) - Знаци на насилна смрт имаат 99 отсто од телата ексхумирани во Изјум, град на истокот на Украина, кој неодамна беше повторно заземен од украинската армија, изјави синоќа регионалниот украински гувернер Олег Синегубов. „Во Изјум има неколку тела со врзани раце зад грб, а едно лице е закопано со јамка околу вратот. Изгледа тие луѓе биле мачени и егзекутирани“, рече Синегубов преку Телеграм, а со изјавата објави и фотографии од стотина гробови пронајдени во близина на Изјум. Шефот на украинското тело за човекови права, Дмитро Лубинец, рече дека веројатно има повеќе од 1.000 украински граѓани убиени и мачени на ослободените територии во регионот Харков. Украина вчера соопшти дека пронашла 450 гробници во Изјум, град североисточно од Харков, кој неодамна беше ослободен од руските сили. Синегубов рече дека телата на 450 цивили со знаци на насилна смрт и тортура биле закопани на местото што го откриле украинските власти. Тој додаде дека меѓу ексхумираните тела има и деца и дека на таа локација работат 200 експерти. „Телата ќе бидат испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Секоја смрт ќе биде предмет на истрага и ќе стане доказ за воените злосторства на Русија пред меѓународните судови“, рече Синегубов. Тој истакна дека обемот на злосторствата извршени од Русија во Изјум е огромен и го осуди „крвавиот и брутален терор“. Во контраофанзивата започната на почетокот на септември во тој регион, украинската армија ги врати териториите кои дотогаш беа под окупација на руските војници. паг/    

Остани поврзан